Дела Ап. 1:16-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. ”Браќа, требаше да се исполни Писмото, што Светиот Дух го прорече преку Давидовата уста, за Јуда, кој им беше предводник на оние, кои Го фатија Исуса;

17. тој беше во нашиот број и беше добил дел од службава.

18. Имено, тој придоби нива со злосторничка плата; и падна ничкум и пукна по средина, и се истури целата негова утроба.

19. И тоа им стана познато на сите жители на Ерусалим, така што нивата е наречена на нивниот јазик Акелдама, што значи „Крвна Нива.”

Дела Ап. 1