Даниел 9:17-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. А сега, о Боже наш, послушај ги молитвата на Својот слуга и неговите срдечни молби. Твоето лице нека заблеска над Твоето запустено Светилиште - заради Тебе, Господи!

18. Приклони го Твоето уво, Боже мој, и слушај! Отвори ги очите та погледај ја нашата пустина и градот што се вика со Твоето име! Зашто ние не Те молиме заради својата правда, туку заради Твоите големи милости.

19. Господи чуј! Господи, прости! Господи внимавај и дејствувај! Не се двоуми заради Тебе, Боже мој, зашто со Твоето име се викаат Твојот град и Твојот народ!”

20. Јас зборував уште, молејќи се и исповедувајќи ги моите гревови и гревовите на мојот народ Израел и заколнувајќи го срдечно Господа, мојот Бог, за Светата Гора на мојот Бог.

21. И така додека јас уште зборував молејќи се, оној човек, Гавриел кого го видов во почетокот на привидот, долета со брзо летање, ме допре во времето на вечерниот принос

Даниел 9