6. Му се приближи на двороговиот овен, кого го бев видел дека стои покрај реката, и се затрча кон него со сета жестина на својата сила.
7. Видов како му се приближи на овенот; бесно го удри овенот и му ги скрши двата рога, а овенот немаше сила за да даде отпор; јарецот го обори на земјата и почна да го гази; немаше никој да го спаси овенот.
8. Јарецот се засили многу, но кога се засили, големиот рог се скрши, а на неговото место израстеа четири големи рогови кон четирите небесни ветра.
9. Од едниот од нив изби мал рог, ама тој израсте многу кон југ и исток, кон Прекрасната Земја.
10. Тој порасте сè до Небесната Војска, ги обори на земја некои од Војската и од ѕвездите па ги згази.
11. Порасте сè до Заповедникот на Војската, му ја одзеде секојдневната жртва и Му го разори неговото Свето Место.
12. Војската се дигна против секојдневната жртва заради нечесноста, ја обори вистината на земја, и успеа во сè што правеше.
13. Тогаш чув како еден Светец зборува, а втор Светец го праша оној што зборуваше: „До кога ќе трае овој привид за секогашната жртва и за престапот што ги запустува и гази Светилиштето и Војската?”
14. Одговори: „Уште две илјади и три стотини вечери и утра; тогаш Светилиштето ќе биде очистено.”
15. Кога јас, Даниел, гледајќи го овој привид, барав да го разберам, ете, пред мене застана како некој човек.