Даниел 2:38-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

38. во чии раце ги стави, каде и да се нашле човечките синови, полските животни, небесните птици, и те постави господар над сè тоа - ти си главата од злато.

39. По тебе ќе настане друго царство, послабо од твоето, па трето, од бронза, кое ќе господари со сета земја.

40. А четвртото царство ќе биде цврсто како железо, како железо што сотрува и здробува сè; како железо што крши, ќе ги скрши и ќе ги разбие сите оние царства.

Даниел 2