16. Така облакот го засолнуваше непрекратно, а ноќе беше како оган.
17. Кога облакот се дигаше од Шаторот, тогаш Израелевите синови тргнуваа; а каде што облакот застануваше, таму Израелевите синови се настануваа.
18. По Господова заповед Израелците тргнуваа на пат, и по Господова заповед застануваа во логор. За сето време додека облакот стоеше над Шаторот тие остануваа во логорот.
19. Ако облакот стоеше долго над Шаторот, Израелците го слушаа Господовиот налог и не тргнуваа на пат.
20. Но ако се случеше облакот да остане над Шаторот малку време, тие по Господова повелба остануваа во логорот и по Господова повелба тргнуваа пак на пат.