Броеви (4 Moj.) 9:13-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Оној кој е чист, а не е на пат, па сепак пропуштил да ја подготви Пасхата, нека биде откорнат од својот народ. Бидејќи не Му принесе на Господа жртва во одреденото време, таквиот нека го носи својот грев.

14. Ако со вас живее странец и ако Му принесува Пасха на Господа, нека ја принесува според нејзините прописи и обреди. Нека биде едно правило за вас: и за странецот и за домородецот.’”

15. Во денот кога беше поставен Шаторот облак го покри Шаторот, Шаторот на сведоштвото. Облакот стоеше во вид на оган над Шаторот од вечер до утро.

16. Така облакот го засолнуваше непрекратно, а ноќе беше како оган.

Броеви (4 Moj.) 9