Броеви (4 Moj.) 8:14-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. „Одвои ги така левитите од среде Израелевите синови за да бидат Мои.

15. Потоа, откако си ги очистил и откако си ги посветил, левитите нека влезат во служба на Шаторот на средбата.

16. Зашто тие ми се подарени целосно од среде Израелевите синови; нив ги зедов за Себе место сите првенци; место сите израелски првороденци.

17. Имено, Мои се сите првенци на Израелевите синови, од луѓето и од животните; ги посветив Себеси во денот кога ги погубив сите првородени во Египетската Земја.

18. Така ги зедов левитите место сите израелски првороденци.

19. И им ги предадов левитите, од среде Израелците, како дар на Арона и на неговите синови, за да исполнуваат место Израелевите синови служба во Шаторот на средбата; за да ги очистуваат, па да не ги најде некаков помор Израелевите синови, кога ќе му се приближат на Светилиштето.”

20. Мојсеј, Арон и сета израелска заедница направија така со левитите; како што Господ му нареди на Мојсеја за левитите; така Израелевите синови и им сторија.

Броеви (4 Moj.) 8