Броеви (4 Moj.) 7:67-86 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

67. Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, како лебен принос;

68. една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;

69. еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица;

70. еден јарец за жртва за грев,

71. а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Ахиезера, Амисадаевиот син.

72. Во единаесеттиот ден својот принос го донесе началникот на Асировците, Фагаил, синот Ехранов.

73. Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;

74. една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;

75. еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица;

76. еден јарец за жртва за грев,

77. а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше принос на Фагаила, Ехрановиот син.

78. Во дванаесеттиот ден својот принос го донесе началникот на Нефталимовите синови, Ахиреј, синот Енанов.

79. Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел; двете наполнети со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;

80. една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;

81. еден јунец, еден овен, едно јагне од една година, за паленица;

82. еден јарец за жртва за грев,

83. а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Ахиреја, Енановиот син.

84. Тоа беа приносите на Израелевите началници за осветување на жртвеникот во денот кога беше помазан: дванаесет сребрени чинии, дванаесет сребрени чаши и дванаесет златни кадилници.

85. Секоја сребрена чинија тежеше сто и триесет шекели; секоја чаша седумдесет шекели. Вкупно сребро во садовите имаше две илјади и четири стотини светилишни шекели.

86. Златни кадилници, полни со темјан, беа дванаесет; секоја кадилница тежеше десет храмски шекели. Сето злато во кадилниците тежеше сто и дваесет шекели.

Броеви (4 Moj.) 7