Броеви (4 Moj.) 7:45-52 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

45. еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица;

46. еден јарец за жртва за грев,

47. а за помирница: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Елисафа, Рагуиловиот син.

48. Во седмиот ден својот принос го донесе началникот на Ефремовците, Елисам, син Емиудов.

49. Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според светиот шекел; двете полни со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;

50. една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;

51. еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица,

52. еден јарец за жртва за грев;

Броеви (4 Moj.) 7