28. еден јарец за жртва за грев;
29. а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Елијава, Хелоновиот син.
30. Во четвртиот ден својот принос го донесе началникот на Рувимовците, Елисур, синот Седиуров.
31. Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели, една сребрена чаша од седумдесет шекели, според светиот шекел; двете полни со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;
32. тогаш, една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;