Броеви (4 Moj.) 7:12-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Во првиот ден својот принос го донесе Насон, синот Аминадавов, од Јудиното племе.

13. Неговиот принос беше: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според храмскиот шекел: и едното и другото беа наполнети со чисто брашно замешано со масло, за лебен принос.

14. Потоа, една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;

15. еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе, за паленица;

16. еден јарец за жртва за грев,

17. а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Насона, Аминадавовиот син.

18. Во вториот ден својот принос го донесе Натанаил, Согаровиот син, кнезот на Исахаровците.

19. Како свој принос донесе: една сребрена чинија тешка сто и триесет шекели и една сребрена чаша од седумдесет шекели, според светиот (храмски) шекел, двете полни со чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос;

20. потоа една златна кадилница од десет шекели, полна со темјан;

21. еден јунец, еден овен, едно јагне годиначе за паленица;

22. еден јарец за жртва за грев,

23. а за помирителна жртва: два вола, пет овни, пет јариња и пет едногодишни јагниња. Тоа беше приносот на Натанаила, Согаровиот син.

24. Во третиот ден својот принос го донесе началникот на Завулоновците, Елијав, синот Хелонов.

Броеви (4 Moj.) 7