22. Господ му рече на Мојсеја:
23. „Речи им на Арона и на неговите синови: ‘Благословувајте ги вака Израелевите синови, велејќи им:
24. „Господ нека те благослови и нека те чува!
25. Господ нека погледне на тебе со Своето светло лице и нека те помилува!
26. Господ нека го сврти Својот поглед на тебе и нека ти донесе мир!”‘
27. Така нека го повикуваат Моето име над Израелевите синови, и Јас ќе ги благословувам.”