Броеви (4 Moj.) 4:42-49 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

42. И беа избројани родовите на Мерариевите синови по нивните родови и семејства,

43. од триесет години нагоре, сè до педесет години, на сите кои можат да влезат во одредот за служење во Шаторот на средбата.

44. И така, избројаните по нивните родови беа три илјади и двеста.

45. Тоа е попис на родовите Мерариевци, што го составија Мојсеј и Арон според заповедта што Господ му ја даде на Мојсеја.

46. И така, сите избројани левити, кои беа избројани од Мојсеја и Арона и од Израелевите началници по нивните родови и семејства, од триесет години нагоре, до педесет години,

47. сите кои беа способни за прислужување во работите и за службата на пренесување во Шаторот на средбата,

48. беа осум илјади пет стотини и осумдесет.

49. Според заповедта што Господ му ја даде на Мојсеја, секого го внесоа во пописот според она во што служеше и што пренесуваше. Беа избројани како што Господ му заповеда на Мојсеја.

Броеви (4 Moj.) 4