31. За сето време на нивната служба во Шаторот на средбата должност им е да ги носат: даските на Шаторот, неговите лостови, неговите столбови и неговите подножја;
32. столбовите што го опкружуваат дворот, нивните подножја, нивните колчиња, нивните јажиња, со сиот прибор за нивната служба. И запишете ги по име предметите што им се доверени да ги носат.
33. Тоа е службата на родовите на Мерариевите синови во сè што има да прават во Шаторот на средбата под водство на Итамар, синот на свештеникот Арон.”
34. Мојсеј, Арон и началниците на општеството ги избројаа Каатовите синови по нивните родови и семејства -
35. сите кои можат да влезат во одред за вршење служба во Шаторот на средбата, од триесет години нагоре, сè до педесет години.
36. И избројаните по нивните родови беа две илјади и седум стотини и педесет.
37. Тоа е попис на родовите Каатовци, на сите кои служеа во Шаторот на средбата, а кои ги запишаа Мојсеј и Арон според заповедта што Господ му ја даде на Мојсеја.
38. И беа избројани Гирсоновите синови по нивните родови и семејства,
39. од триесет години нагоре, сè до педесет години, сите кои можеа да влезат во одредот за вршење служба во Шаторот на средбата.
40. И така, избројаните по нивните родови и семејства беа две илјади и шест стотини и педесет.
41. Тоа е попис на родовите Гирсоновци, на сите кои служеа во Шаторот на средбата, а кои беа избројани од Мојсеја и Арона по Господова повелба.
42. И беа избројани родовите на Мерариевите синови по нивните родови и семејства,