28. Тоа е службата на родовите Гирсоновци во Шаторот на средбата. Нивната служба нека биде под водство на Итамар, синот на свештеникот Арон.”
29. „Изброј ги Мерариевите синови по нивните родови и семејства.
30. Запиши ги од триесет години нагоре, сè до педесет години, кои можат да влезат во одред за вршење служба во Шаторот на средбата.
31. За сето време на нивната служба во Шаторот на средбата должност им е да ги носат: даските на Шаторот, неговите лостови, неговите столбови и неговите подножја;
32. столбовите што го опкружуваат дворот, нивните подножја, нивните колчиња, нивните јажиња, со сиот прибор за нивната служба. И запишете ги по име предметите што им се доверени да ги носат.
33. Тоа е службата на родовите на Мерариевите синови во сè што има да прават во Шаторот на средбата под водство на Итамар, синот на свештеникот Арон.”
34. Мојсеј, Арон и началниците на општеството ги избројаа Каатовите синови по нивните родови и семејства -
35. сите кои можат да влезат во одред за вршење служба во Шаторот на средбата, од триесет години нагоре, сè до педесет години.
36. И избројаните по нивните родови беа две илјади и седум стотини и педесет.
37. Тоа е попис на родовите Каатовци, на сите кои служеа во Шаторот на средбата, а кои ги запишаа Мојсеј и Арон според заповедта што Господ му ја даде на Мојсеја.
38. И беа избројани Гирсоновите синови по нивните родови и семејства,