Броеви (4 Moj.) 34:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече на Мојсеја:

2. „Дај им повелба на Израелевите синови и речи им: ‘Кога ќе влезете во Ханаанската Земја, таа земја ќе ви припадне во наследство; Ханаанската Земја со нејзините граници:

3. Јужната страна ќе се тегне од пустината Син покрај Едом. Јужната граница ќе ви почнува од крајот на Соленото Море на источната страна.

4. Тогаш границата ќе ви заврти кон југ, кон Акравимската Стрмнина, и ќе продолжи преку Син. Ќе допре на југ до Кадис-Варни; потоа ќе излезе кон Хасар-Адар и ќе продолжи до Асмон.

Броеви (4 Moj.) 34