Броеви (4 Moj.) 33:9-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Потоа отидоа од Мера и стигнаа во Елим. Во Елим беа дванаесет извори и седумдесет палми. Расположија шатори тука.

10. И тргнаа од Елим и се настанија покрај Црвеното Море.

11. А откако заминаа од Црвеното Море, ги оптегнаа шаторите во пустината Син.

12. Потоа отпатуваа од пустината Син и ги поставија живеалиштата во Дофка.

13. Откако отидоа од Дофка расположија шатори во Елус.

14. Тргнаа од Елус и се настанија во Рафидин. Таму народот немаше вода да пие.

Броеви (4 Moj.) 33