Броеви (4 Moj.) 32:3-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. „Атарот, Девон, Јазир, Нимра, Есевон, Елеалиј, Севам, Нево и Веон -

4. земја што Господ ја порази пред Израелевото општество - е земја погодна за сточарство; а твоите слуги се занимаваат со сточарство.

5. Ако најдовме благонаклоност во твоите очи - продолжија - овој крај нека им биде даден во владеење на твоите слуги; не нè преведувај преку Јордан!”

6. Мојсеј им одговори на Гадовите синови и на Рувимовите синови: „Вашите браќа ќе одат во војна, а вие да останете тука?

Броеви (4 Moj.) 32