19. Нема да земаме дел од недвижните имоти од онаа страна на Јордан ниту подалеку, зашто нашето наследство ни припадна од оваа страна, на исток од Јордан.”
20. Мојсеј им рече: „Ако направите така, ако тргнете во бој пред Господа;
21. ако вие сите вооружени пребродите преку Јордан пред Господа додека Тој не ги растера пред Себе сите Свои непријатели,
22. тогаш, кога земјата ќе Му биде покорена на Господа, вие ќе можете да се вратите. Така ќе бидете ослободени од одговорноста кон Господа и кон Израел, а оваа земја ќе стане ваша сопственост пред Господа.