Броеви (4 Moj.) 31:51-54 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

51. Мојсеј и свештеникот Елеазар го примија од нив златото, сето во направени украси.

52. И сето злато, што илјадниците и стотниците го донесоа за воздигнат принос за Господа, беше: шеснаесет илјади седум стотини и педесет шекели.

53. Војниците грабеа секој за себе.

54. Така Мојсеј и свештеникот Елеазар го зедоа златото од илјадниците и стотниците па го донесоа во Шаторот на средбата, за спомен на Израелевите синови пред Господа.

Броеви (4 Moj.) 31