1. Потоа Мојсеј им рече на началниците на Израелевите колена: „Господ го заповеда ова:
2. Ако некој човек направи завет или ако се обврзе со заклетва дека ќе се одрече од нешто; нека не ги нарушува своите зборови; нека исполни сè што излегло од неговата уста!
3. Ако некоја жена Му направи завет на Господа и ако се обврзе дека ќе се откаже од нешто уште додека е млада, во татковиот дом,
4. а татко и научи за заветот и за ветувањата со кои се обврзала па не и рече ништо, тогаш се полноважни сите нејзини завети и полноважно е секое нејзино ветување со кое се обврзала.
5. Но ако татко и, кога ќе чуе, и забрани - никаков нејзин завет, ни нејзиното ветување со кое се обврзала, нема важност. Господ ќе и прости, зашто татко и и забранил.
6. Ако се омажи додека е под своите завети или под ветувањето што излезе непромислено од нејзината уста,
7. па ако нејзинот маж научи и откако научи ако не и рече ништо, тогаш се полноважни нејзините завети и полноважни се ветувањата со кои се обврзала.
8. Но ако нејзиниот маж и забрани, кога ќе чуе за тоа, со тоа се укинуваат нејзиниот завет и ветувањето што излезе непромислено од нејзината уста. И Господ ќе и прости.
9. А завет на вдовица, или на разведена жена, и сите обврски што ги презела врз себе, важат за неа.
10. Ако се заветува или обврзе на ветување со заклетва додека е во куќата на својот маж,