4. Но Надав и Авиуд умреа пред Господа, кога во Синајската Пустина, принесуваа непосветен оган пред Господа. Бидејќи немаа синови, затоа Елеазар и Итамар служеа како свештеници во присуство на татка си Арона.
5. Господ му рече на Мојсеја:
6. „Повикај го Левиевото племе, нека застане пред свештеникот Арона. Нека му прислужуваат;
7. нека ги исполнуваат неговите должности и должностите на целото општество пред Шаторот на средбата, и нека ја вршат работата околу Шаторот.
8. Нека се грижат за сиот намештај во Шаторот на средбата, за должноста на Израелевите синови, и нека ја исполнуваат службата во Шаторот.