1. Ова е Ароновото и Мојсеевото родословие од времето кога Господ му зборуваше на Мојсеја на Синајската Гора.
2. Ова беа имињата на Ароновите синови: првороденец Надав, потоа Авиуд, Елеазар и Итамар.
3. Тоа се имињата на Ароновите синови, на свештениците помазани, за свештенство на посветените.
4. Но Надав и Авиуд умреа пред Господа, кога во Синајската Пустина, принесуваа непосветен оган пред Господа. Бидејќи немаа синови, затоа Елеазар и Итамар служеа како свештеници во присуство на татка си Арона.
5. Господ му рече на Мојсеја:
6. „Повикај го Левиевото племе, нека застане пред свештеникот Арона. Нека му прислужуваат;
7. нека ги исполнуваат неговите должности и должностите на целото општество пред Шаторот на средбата, и нека ја вршат работата околу Шаторот.