Броеви (4 Moj.) 29:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. ‘Во седмиот месец, во првиот ден на месецот, имајте свое собрание. Не работите никаква работа! Тоа нека ви биде Ден на трубниот звук.

2. Принесете паленица за пријатен мирис на Господа: еден јунец, еден овен и седум јагниња годиначиња без недостаток.

3. Нивниот лебен принос, од чисто брашно измешано со масло, нека биде: три десетини ефа на јунец, две десетини ефа на овен

4. и една десетина ефа на секое од седумте јагниња.

5. И еден јарец во жртва за грев, за ваше очистување.

Броеви (4 Moj.) 29