Броеви (4 Moj.) 28:26-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. ‘И на Денот на првите плодови - на вашиот Празник на седмиците - кога ќе Му принесувате лебен принос на Господа, имајте свето собрание: не работите никаква работа.

27. За паленица за пријатен мирис на Господа принесете: два јунци, еден овен и седум едногодишни јагниња.

28. Нивниот лебен принос, од чисто брашно измешано со масло, нека биде: на секој јунец три десетини ефа; на секој овен две десетини ефа,

29. а на секое од оние седум јагниња - една десетина ефа.

30. И еден јарец во принос за грев, за ваше очистување.

31. Принесувајте ги освен секојдневната паленица и нејзините лебни приноси; а нека ви бидат без недостаток тие и нивните налевници.’

Броеви (4 Moj.) 28