2. „Нареди им на Израелевите синови и речи им: ‘Внимавајте да Ми ги принесувате во определено време Моите приноси: Мојот леб - паленици за Мене за благопријатен мирис.’
3. Речи им: ‘Ова се палени жртви што ќе Му ги принесувате на Господа: секој ден две едногодишни јагниња без недостаток како трајна паленица.
4. Принесувајте го едното јагне наутро, а другото јагне принесувајте го во примрак.
5. А за лебен принос: десетина ефа чисто брашно, измешано со четвртина ин масло.
6. Тоа е постојана паленица, што веќе беше принесена на Синајската Гора, за пријатен мирис, во жртва на Господа.