Броеви (4 Moj.) 28:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече на Мојсеја:

2. „Нареди им на Израелевите синови и речи им: ‘Внимавајте да Ми ги принесувате во определено време Моите приноси: Мојот леб - паленици за Мене за благопријатен мирис.’

3. Речи им: ‘Ова се палени жртви што ќе Му ги принесувате на Господа: секој ден две едногодишни јагниња без недостаток како трајна паленица.

4. Принесувајте го едното јагне наутро, а другото јагне принесувајте го во примрак.

Броеви (4 Moj.) 28