Броеви (4 Moj.) 26:58-65 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

58. Еве се родовите на Левиевците: родот на Ловениевци, родот на Хевроновци, родот на Малиевци, родот на Мусиевци и родот на Кореевци. На Каат му се роди Амрам.

59. На Амрамовата жена името и беше Јохавета. Беше Левиева ќерка, која му се роди на Левија во Египет. Таа му ги роди на Амрам: Арона, Мојсеја и нивната сестра Маријам.

60. На Арона му се родија: Надав, Авиуд, Елеазар и Итамар.

61. Надав и Авиуд загинаа кога принесуваа непосветен оган пред Господа.

62. Сите избројани мажи од еден месец па нагоре беа дваесет и три илјади. Тие не беа избројани заедно со Израелевите синови; и не им беше доделено наследство меѓу Израелевите синови.

63. И така, тоа се оние, кои беа избројани од Мојсеја и од свештеникот Елеазар; тие го извршија овој попис на Израелците покрај Јордан, во Моавските Полиња спроти Ерихон.

64. Меѓу нив немаше ниту еден од оние кои беа избројани од Мојсеја и од свештеникот Арон, кога ги избројуваа Израелевите синови во Синајската Пустина.

65. Зашто Господ беше рекол за нив: „Нека изумрат во пустината и нека не остане никој од нив, освен: Халев, Ефониевиот син, и Исус, синот Навинов!”

Броеви (4 Moj.) 26