Броеви (4 Moj.) 26:50-54 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

50. Тоа се родовите на Нефталиевците. По нивните родови беа запишани четириесет и пет илјади и четири стотини.

51. И така, запишани Израелци имаше шест стотини и една илјада и седум стотини и триесет.

52. Господ му рече на Мојсеја:

53. „На овие нека им биде разделена земјата во наследство според бројот на нивните имиња.

54. На поголемиот број зголеми му го наследството, а на помалиот намали му го неговото наследство; секому нека му биде дадено неговото наследство според бројот на запишаните.

Броеви (4 Moj.) 26