39. од Суфам родот на Суфамовци и од Уфам родот на Уфамовци.
40. Велини синови беа: Адер и Наман. И така, од Адер родот на Адеровци, а од Наман родот на Намановци.
41. Тоа се Венијаминовите синови, по нивните родови. Нив ги запишаа четириесет и пет илјади и шест стотини.
42. Овие се Данови синови, по нивните родови: од Самеј родот на Самеевци. Тоа се Дановите синови, според нивните родови.
43. Од сите родови на Самеевците беа запишани шеесет и четири илјади и четири стотини.
44. Асировите синови, по нивните родови: од Јамин родот на Јаминовците; од Јесуј родот на Јесуевците и од Вериј родот на Вериевците.
45. Од Вериините синови: од Ховер родот на Ховеровци и од Мелхил родот на Мелхиловци.
46. На Аировата ќерка името и беше Сара.
47. Тоа се родовите на Асировите синови. Нив ги запишаа педесет и три илјади и четири стотини.
48. Нефталимовите синови, по нивните родови: од Асил родот на Асиловци; од Гуниј родот на Гуниевци;
49. од Есер родот на Есеровци и од Селим родот на Селимовци.
50. Тоа се родовите на Нефталиевците. По нивните родови беа запишани четириесет и пет илјади и четири стотини.
51. И така, запишани Израелци имаше шест стотини и една илјада и седум стотини и триесет.
52. Господ му рече на Мојсеја:
53. „На овие нека им биде разделена земјата во наследство според бројот на нивните имиња.
54. На поголемиот број зголеми му го наследството, а на помалиот намали му го неговото наследство; секому нека му биде дадено неговото наследство според бројот на запишаните.
55. Но земјата нека биде поделена со жрепка; нека биде примена во наследство според дедовските племенски имиња.