Броеви (4 Moj.) 26:20-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Јудини синови по нивните родови беа: од Силом родот на Силомовците; од Фарес родот на Фаресовците и од Зара родот на Заринци.

21. Фаресови синови пак беа: од Асрон родот на Асроновци и од Амуил родот Амуиловци.

22. Тоа се Јудините родови, а избројаните од нив: седумдесет и шест илјади и пет стотини.

23. Исахарови синови по нивните родови: од Тола родот на Толинци; од Фува родот на Фувинци;

24. од Јасув родот на Јасувовците и од Амрам родот на Амрамовци.

25. Тоа се Исахаровите родови. Нив ги запишаа шеесет и четири илјади и триста.

Броеви (4 Moj.) 26