Броеви (4 Moj.) 26:18-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Тоа се родовите на Гадовите потомци, според нивното пребројување: четириесет илјади и пет стотини.

19. Јудини синови: Ир и Авнан. И Ир и Авнан умреа во Ханаанската Земја.

20. Јудини синови по нивните родови беа: од Силом родот на Силомовците; од Фарес родот на Фаресовците и од Зара родот на Заринци.

21. Фаресови синови пак беа: од Асрон родот на Асроновци и од Амуил родот Амуиловци.

22. Тоа се Јудините родови, а избројаните од нив: седумдесет и шест илјади и пет стотини.

Броеви (4 Moj.) 26