1. После тоа зло Господ им рече на Мојсеја и на Елеазара, синот на свештеникот Арон:
2. „Извршете попис на сето општество на Израелевите синови, по нивните семејства, запишете ги сите, од дваесет години па нагоре, кои се способни за војна во Израел.”
3. И така, Мојсеј и свештеникот Елеазар ги изброија, во Моавските Полиња, покрај Јордан близу Ерихон,
4. сите од дваесет години па нагоре, како што Господ им нареди на Мојсеја и на Израелевите синови, кои излегоа од Египетската Земја:
5. Израелевиот првенец Рувим. Рувимови синови: од Енох родот на Еноховците; од Фалуј родот на Фалуевците;
6. од Асрон родот на Асроновците и од Хармиј родот на Хармиевците.
7. Тоа се Рувимовите родови. Нив ги имаше четириесет и три илјади и седум стотини и триесет.
8. Елијав беше Фалуев син,