Броеви (4 Moj.) 24:15-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. И ја почна својата беседа и рече: „Пророштво на Валаам, син Веоров, пророштво на човек со прониклив поглед,

16. пророштво на оној, кој ги слуша Господовите зборови. Кој ја познава мудроста на Сèвишниот, кој ги виде виденијата на Сèсилниот, кој паѓа како во сон, а очите му се отворуваат.

17. Го гледам, но не сега; Го набљудувам, но не од близина: Ѕвезда излегува од Јакова, Жезал се издига од Израел. Тој ги разбива управителите на Моав и ги сотира сите Ситови деца!

18. Едом ќе биде под негово владеење, а Сир земја освоена, Израел ја пројавува својата сила,

19. Јаков владее над непријателите и ги погубува преживеаните од Ир.”

20. Валаам се загледа во Амалик, па ја почна својата беседа и рече: „Амалик е првенец меѓу народите, но неговиот крај е вечна гибел.”

21. Тогаш се загледа во Кенејците, па ја почна својата беседа и рече: „Цврсто е твоето живеалиште, Кенеоне, гнездото ти е свиткано врз карпа!

22. Но гнездото му припаѓа на Веор; до кога ќе му робуваш на Асур?”

23. Пак ја почна својата беседа и рече: „Поморски народи се собираат од север!

24. А бродовите од страната на Китим, го покоруваат Асур, го покоруваат Евер; па и него ќе го стигне вечна гибел.”

25. Потоа Валаам стана и се запати назад во своето место, а Валак исто тргна по својот пат.

Броеви (4 Moj.) 24