Броеви (4 Moj.) 24:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога Валаам забележа дека Му е мило на Господ да го благословува Израел, не сакаше веќе да оди во потрага по знаци за баење, туку се сврти со лицето кон пустината.

2. Валаам ги подигна очите и го виде Израел зашаторен по неговите племиња. Божји Дух слезе на него,

3. и тој ја почна својата песна па рече: „Пророштво на Валаам, син Веоров, пророштво на човек со прониклив поглед;

4. пророштво на оној, кој ги слуша Божјите слова, кој го виде видението на Сèмоќниот, кој паѓа како во сон, а очите му се отвораат:

5. Колку ти се прекрасни шаторите, Јакове, и твоите живеалишта Израеле!

6. Како долини што се тегнат, Како градини покрај речниот брег; како мирисливи дрва, посадени од Господа, како кедри покрај водите!

7. Вода ќе се излее од неговото ведро и неговото семе ќе биде во силни води. Неговиот цар ќе го надвиши Агаг, неговото царство се воздига.

8. Бог го изведе од Египет, тој му е нему како биволски рогови; тој ги проголтува непријателските народи,тој ги дроби нивните коски.

9. Се собра, прилегна како лав и како лавица, кој смее да го разбуди? Благословен да е кој те благословува, проклет да е кој те проколнува!”

10. И Валак пламна со гнев на Валаама и плесна со своите раце. „Те повикав да ги проколнеш моите непријатели - му рече Валак на Валаама - а, ете, ти ги благословуваш веќе по трет пат!

Броеви (4 Moj.) 24