Броеви (4 Moj.) 23:26-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Валаам му одговори на Валака: „Зар не ти реков: ‘Сè што ќе рече Господ, тоа ќе правам.’”

27. Потоа Валак му рече на Валаама: „Дојди! Ќе те одведам на друго место. Можеби на Бога ќе Му биде право да ми го проколнеш оттаму.”

28. И Валак го одведе Валаама на врвот Фегора, откаде се тегне глетка кон Јешимон (Пустина на Јуда).

29. „Изгради ми тука седум жртвеници - му рече Валаам на Валака. Натаму, приготви ми тука седум јунци и седум овни.”

30. Валак направи како што рече Валаам и принесе по еден јунец и по еден овен на секој жртвеник.

Броеви (4 Moj.) 23