Броеви (4 Moj.) 23:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И Валаам му рече на Валака: „Направи ми тука седум жртвеници; приготви ми тука седум јунци и седум овни.”

2. Валак направи како што му рече Валаам. А потоа Валак и Валаам принесоа по еден јунец и по еден овен на секој жртвеник.

3. Потоа Валаам му рече на Валака: „Ти стој кај твојата паленица, а јас одам можеби да се сретнам со Господа, па што ќе ми открие, ќе ти кажам.” И тој отиде на високо осамено место.

4. И Бог го сретна Валаама, кој му рече: „Подигнав седум жртвеници и принесов на секој по еден јунец и по еден овен.”

Броеви (4 Moj.) 23