Броеви (4 Moj.) 21:17-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Тогаш Израел ја запеа оваа песна: „Бликај, о кладенче! А вие - пејте му;

18. кладенецот, владетелите го ископаа, народните благородници со своите палки, го открија, со заповед на Законодавацот.” Од пустината отидоа во Матан,

19. од Матан во Налиел, а од Налиел во Вамот;

20. од Вамот во долината што се спушта во Моавското Поле, при врвот Фазге, од каде се тегне глетка кон пустината.

21. Сега Израел испрати пратеници при Сион, аморејски цар, со порака:

Броеви (4 Moj.) 21