Броеви (4 Moj.) 21:13-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Оттаму тргнаа и се настанија од онаа страна на Арнон, што е во пустината, а извира во подрачјето на Аморејците. Затоа Арнон е моавска граница, меѓу Моавците и Аморејците.

14. Затоа се вели во „Книгата на Господовите војни:”

15. „Вајеф во Суфа и арнонските потоци и падината на долината што се наведнува кон местото Ар и се допира до моавската граница. . .”

16. Оттука отидоа во Вир (Кладенец). Тоа е кладенецот за кого Господ му рече на Мојсеја: „Собери го народот за да им дадам вода!”

17. Тогаш Израел ја запеа оваа песна: „Бликај, о кладенче! А вие - пејте му;

Броеви (4 Moj.) 21