Броеви (4 Moj.) 20:20-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. „Не поминувај!”- одговори. И Едом излезе против него со многу луѓе и со силна рака.

21. Така Едом не му дозволи на Израел да помине преку неговите предели, и Израел се заврте од него.

22. Запатувајќи се од Кадис, Израелевите синови стигнаа, сета заедница, до планината Ор.

23. Кај гората Ор, покрај едомската меѓа, Господ им рече на Мојсеја и на Арона:

24. „Арон нека им се придружи на своите луѓе! Нема да влезе во земјата што им ја давам на Израелевите синови, зашто се спротививте на Мојата заповед кај Меривските Води.

Броеви (4 Moj.) 20