Броеви (4 Moj.) 20:18-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Едом му одговори: „Не поминувај преку мојата земја, зашто ете ме со меч пред тебе!”

19. „Ќе одиме по друмот - рекоа Израелевите синови - а ако пак пиеме твоја вода, ние или нашите стада, ќе платиме за тоа. Ништо повеќе, само да поминеме со нозе.”

20. „Не поминувај!”- одговори. И Едом излезе против него со многу луѓе и со силна рака.

21. Така Едом не му дозволи на Израел да помине преку неговите предели, и Израел се заврте од него.

22. Запатувајќи се од Кадис, Израелевите синови стигнаа, сета заедница, до планината Ор.

Броеви (4 Moj.) 20