Броеви (4 Moj.) 20:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа Израелевите синови стигнаа, сета заедница, во пустината Цин, во првиот месец. Народот се настани во Кадис. Маријам почина таму и ја погребаа таму.

2. Немаше вода за заедницата. Затоа се здружија против Мојсеја и против Арона.

3. Народот почна да се препира со Мојсеја и да вели: „О, да бевме изумреле кога и нашите браќа загинаа пред Господа!

4. Зошто го доведовте Господовото општество во пустинава, за да изумреме тука и ние и нашиот добиток?

Броеви (4 Moj.) 20