Броеви (4 Moj.) 19:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ им рече на Мојсеја и Арона:

2. „Ова е законска одредба што Господ ја нареди: Кажи им на Израелевите синови нека ти доведат црвена јуница, здрава, на која нема недостатоци и врз која уште не е ставено јарем.

3. А вие предајте ја на свештеникот Елеазар. Потоа нека ја изведат надвор од логорот и нека ја заколат пред него.

4. Свештеникот Елеазар нека земе од нејзината крв на својот прст па со неа нека попрска седумпати кон предната страна на Шаторот на средбата.

Броеви (4 Moj.) 19