Броеви (4 Moj.) 18:10-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Јадете ги во најсветото место! Секое машко може да ги јаде. Нека ти бидат свети!

11. И ова нека биде за тебе: она што се зема од Израелевите приноси како движен принос, со траен закон, ви го предавам: тебе, на твоите синови и на твоите ќерки со тебе. Секој, кој е чист во твојот дом, може да јаде од тоа.

12. Ти ги предавам тебе: првите плодови што Му се принесуваат на Господа, најдоброто од новото масло и најдоброто од новото вино.

13. Твои нека бидат првите родови од сè во нивната земја, што ќе ги донесуваат на Господа. Секој, кој е чист во твојот дом, може да ги јаде.

14. Сè, што ќе биде заветувано во Израел нека биде твое.

Броеви (4 Moj.) 18