Броеви (4 Moj.) 17:9-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Тогаш Мојсеј им ги изнесе од пред Господа, сите жезли на Израелевите синови. Тие ги разгледаа, а потоа секој го зеде својот жезал.

10. Господ му рече на Мојсеја: „Положи го пак Ароновиот жезал пред Сведоштвото, на чување, како знак за непокорните, за да прекрати нивното роптање против Мене и за да не изгинат.”

11. И Мојсеј направи: како што Господ му заповеда, така направи.

12. „Изгинавме - му рекоа Израелевите синови на Мојсеја. Пропаднавме! Сите редум гинеме!

13. Секој, кој ќе се приближи до Господовиот Шатор, умира. Зар ќе изгинеме сите?”

Броеви (4 Moj.) 17