Броеви (4 Moj.) 17:6-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Мојсеј им кажа на Израелевите синови така. Сите нивни началници му дадоа жезал, по еден жезал за секој старешина, и така, дванаесет жезли за нивните прадедовски домови. Меѓу нивните жезли беше и Ароновиот жезал.

7. Мојсеј ги положи жезлите пред Господа во Шаторот на сведоштвото.

8. Кога на другиот ден Мојсеј влезе во Шаторот на сведоштвото, ете: Ароновиот жезал, од Левиевиот дом, распупел! Потерала млада гранка, расцветал цвет и созреале бадеми.

Броеви (4 Moj.) 17