6. Мојсеј им кажа на Израелевите синови така. Сите нивни началници му дадоа жезал, по еден жезал за секој старешина, и така, дванаесет жезли за нивните прадедовски домови. Меѓу нивните жезли беше и Ароновиот жезал.
7. Мојсеј ги положи жезлите пред Господа во Шаторот на сведоштвото.
8. Кога на другиот ден Мојсеј влезе во Шаторот на сведоштвото, ете: Ароновиот жезал, од Левиевиот дом, распупел! Потерала млада гранка, расцветал цвет и созреале бадеми.
9. Тогаш Мојсеј им ги изнесе од пред Господа, сите жезли на Израелевите синови. Тие ги разгледаа, а потоа секој го зеде својот жезал.
10. Господ му рече на Мојсеја: „Положи го пак Ароновиот жезал пред Сведоштвото, на чување, како знак за непокорните, за да прекрати нивното роптање против Мене и за да не изгинат.”
11. И Мојсеј направи: како што Господ му заповеда, така направи.
12. „Изгинавме - му рекоа Израелевите синови на Мојсеја. Пропаднавме! Сите редум гинеме!
13. Секој, кој ќе се приближи до Господовиот Шатор, умира. Зар ќе изгинеме сите?”