Броеви (4 Moj.) 16:8-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Потоа Мојсеј му рече на Кореј: „Почујте, Левиеви синови!

9. Зар ви е малку што Израелевиот Бог ве издвои од Израелевото општество, за да ве приближи кон Себе за да ја вршите службата во Господовиот Шатор, и да стоите пред заедницата служејќи и?

10. Те доближи тебе и со тебе сите твои браќа, Левиеви синови; а вие уште барате и свештенство!

11. Ти и сета твоја дружина, така, се собравте против Господа; зашто кој е Арон за да викате против него?”

12. Потоа Мојсеј испрати по Датан и Авирон, синовите Елијавови, но тие одговорија: „Не доаѓаме!

Броеви (4 Moj.) 16