Броеви (4 Moj.) 15:32-40 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. Кога Израелевите синови беа во пустината, најдоа човек како бере дрва во саботен ден.

33. И тие, кои го најдоа дека бере дрва, го доведоа при Мојсеја и Арона и при целото општество.

34. Го ставија под стража, зашто уште не беше одредено што треба да се прави со него.

35. „Човекот треба да биде погубен! - му рече Господ на Мојсеја. Сето општество нека го затрупа со камења надвор од логорот.”

36. Целата заедница го изведе надвор од логорот и го каменува, и тој загина, како што Господ му заповеда на Мојсеја.

37. Господ му рече на Мојсеја:

38. „Зборувај им на Израелевите синови и речи им: Нека прават реси на рабовите на своите облеки, од род до род; а за ресата на секој раб нека врзуваат сина врвца.

39. Ќе имате реси за да ве потсетува погледот врз нив на сите Господови заповеди. Исполнувајте ги, а не се занесувајте со своето срце и со своите очи што толку лесно ве заведуваат во неверие.

40. Така ќе си спомнувате за сите Мои заповеди, ќе ги исполнувате и ќе бидете свети пред вашиот Бог.

Броеви (4 Moj.) 15