Броеви (4 Moj.) 15:30-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

30. Но оној кој направи нешто волно, било да е роден во татковината или странец, тој хули на Господа. Таквиот нека биде истребен од својот народ,

31. зашто го презре Господовото слово и ја прекрши Неговата заповед. Таквиот нека биде истребен. Неговата вина нека падне на него!’”

32. Кога Израелевите синови беа во пустината, најдоа човек како бере дрва во саботен ден.

33. И тие, кои го најдоа дека бере дрва, го доведоа при Мојсеја и Арона и при целото општество.

34. Го ставија под стража, зашто уште не беше одредено што треба да се прави со него.

35. „Човекот треба да биде погубен! - му рече Господ на Мојсеја. Сето општество нека го затрупа со камења надвор од логорот.”

36. Целата заедница го изведе надвор од логорот и го каменува, и тој загина, како што Господ му заповеда на Мојсеја.

Броеви (4 Moj.) 15